Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

46 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, еден без лиценца

46 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, еден без лиценца

Денеска (01.11.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирано е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 46 сообраќајни прекршоци. Од нив две за возење без сигурносен појас, четири за возење со брзина поголема од дозволената, изречена е една мерки за возење без возачка дозвола…

Упатени на вонреден технички преглед се 24 возила. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни