5-годишно дете е во кома, а млад човек почина за време на парадата на светските шампиони во Буенос Аирес. Фудбалерите на Аргентина беа евакуирани и ставени на хеликоптери откако навивачите се обидоа да упаднат во автобусот со кој се возеле низ главниот град.
Над 5 милиони беа на улиците на главниот град на Аргентина за да ги пречекаат хероите од Катар.
5-годишното момче било погодено со парче од споменикот на Плаза Сан Мартин кој бил откинат од толпата. Детето е хоспитализирано во тешка состојба.
24-годишниот маж во екстаза скокнал од покривот на својот дом.
За време на празникот беше украден и полициски автомобил.
На крајот сите играчи се евакуирани и веќе се во своите домови. Лионел Меси беше пречекан како национален херој во неговиот роден град Росарио.