Владата на Куба најави зголемување на цената на горивото за повеќе од 500 отсто, почнувајќи од 1 февруари. Цената на обичниот бензин од 25 пезоси ќе скокне на 132 пезоси, што е раст од 528 отсто, а на бензинот Супер од 30 на 156 пезоси, што е зголемување од 520 отсто.
Преведено во наши цени, ако цената на обичниот бензин била 1,36 евра, сега ќе биде 7,16 евра.
Ова го соопшти министерот за финансии Владимир Регуеиро на државната телевизија, пренесуваат светските агенции.
Владата, која ги субвенционира речиси сите основни стоки и услуги, кон крајот на декември објави серија мерки насочени кон намалување на дефицитот.
Според официјалните проценки, минатата година и кубанската економија забележа пад од 2 отсто, а инфлацијата достигна 30 отсто.
За 25 отсто од март ќе биде и цената на струјата за големите потрошувачи во населените места. Потврдено е и поскапување на гасот.