Обид за избегнување на царинските давачки бил откриен на граничниот премин Блаце, каде царинските службеници при контрола на автомобил пронашле 595 сребрени прстени скриени под седиштата.
Според информациите од Царинската управа, накитот тежел вкупно 1,7 килограми, а бил сокриен со намера да се избегне плаќање на пропишаните давачки.
Пронајдените прстени се запленети, а против лицето ќе биде поведена соодветна постапка.
Од Царинската управа информираат дека прекршокот бил документиран со телесни камери на службениците.