Свет

63-годишен маж кој беше осуден на смрт за убиство на 35 луѓе утрово беше егзекутиран во Кина

63-годишен маж кој беше осуден на смрт за убиство на 35 луѓе утрово беше егзекутиран во Кина

Човек осуден на смрт за убиство на 35 луѓе во ноември кога со својот автомобил влетал во толпа луѓе собрани во близина на спортски центар во јужниот кинески град Жухаи, утринава бил егзекутиран во Кина, објавија кинеските државни медиуми.

Егзекуцијата на 63-годишниот маж беше извршена откако судот во Жухаи на 27 декември го осуди на смрт поради загрозување на јавната безбедност, јави Синхуа.

Инцидентот се случи на 11 ноември минатата година, а кинескиот претседател Си Џинпинг побара насилникот да биде најстрого казнет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни