Свет

7 ирачки полицајци убиени во напад на Исламска држава

7 ирачки полицајци убиени во напад на Исламска држава

Најмалку седум припадници на ирачката федерална полиција се убиени денеска во напад во северен Ирак, кој најверојатно бил дело на џихадистите на групата „Исламска држава“ (ИД). Цел бил полициски камион, изјавија за АФП два полициски извори.

Во близина на селото Шалал ал Матар, на периферијата на Киркук, автомобилот во кој се движела полицијата експлодирал на бомба покрај пат. Потоа беше пукано врз него, изјави полициски извор кој за нападот ја обвини ИД. Еден напаѓач е убиен, а останатите се трага.

Во Багдад, официјален претставник на Министерството за внатрешни работи потврди дека имало таков напад и објави дека загинале седум полицајци, вклучително и еден офицер.

По нејзиниот метеорски пораст во 2014 година во Ирак и освојувањето на големи делови од територијата во Ирак и соседна Сирија, самопрогласениот „калифат“ на ИД беше уништен во последователни офанзиви во тие две земји. Иако Ирак во 2017 година прогласи воена победа против ИД, џихадистите остануваат активни во неколку области на земјата. Ирачките безбедносни сили спроведуваат антитерористички операции и ги пребаруваат областите каде што дејствува ИД, редовно известувајќи за убиства на десетици џихадисти во воздушни напади или рации.

И покрај поразот, ИД „ја задржува способноста да изведува редовни напади“, се признава во извештајот на ОН објавен во јануари 2022 година. „Искористувајќи ја порозната граница“ меѓу Ирак и Сирија, џихадистичката организација сè уште има „меѓу 6.000 и 10.000 борци во овие две земји, каде што формира ќелии и тренира агенти“, се наведува во овој извештај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни