Македонија

7-месечно бебе и 35-годишна жена – ново заразени со морбили

Во Клиниката за инфективни болести, од вчера прегледани биле четири сомнителни случаи на морбили, од кои двајца се хоспитализирани во Клиниката.

Станува збор за седуммесечно бебе од Студеничани, кое не е вакцинирано и воспитувачка на 35 годишна возраст од градинка во Кисела Вода. На клиниката во моментов има 26 пациенти – информираат во Министерството за здравство.

Инаку, на Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 26 пациенти со морбили, а од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 111 случаи со ова заболување. Во пунктовите за вакцинација денеска до 13 часот вкупно се вакцинирани 4.530 деца, наведуваат од Министерството за здравство.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни