70 деца починаа од отров во сируп за кашлица – поведена е итна истрага

Владата на Гамбија соопшти дека седумдесет деца починале од акутна повреда на бубрезите, за која се сомнева дека се поврзани со сирупи за кашлица произведени во Индија.

Претседателот на Гамбија, Адама Бароу, на вонредна седница на владата објави дека починале седумдесет деца, се наведува во соопштението.

Првично беше објавено дека 69 деца починале од акутна бубрежна повреда за која постои сомневање дека се поврзани со сирупите за кашлица.

Утврдено е дека сирупите ги произведувала компанијата „Мејден фармацеутикалс“ од Њу Делхи, која затворила една од фабриките во северна Индија, бидејќи и таа е под истрага на индиските власти.

Гамбија и Индија ја истражуваат смртта на децата, а оваа недела е формирана нова истражна комисија која ќе се занимава со случајот, се вели во соопштението.

Република.рс