8 СИМПТОМИ ПОСЛЕ ЦАРСКИ КОИ УКАЖУВААТ ДЕКА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД: Болка во градите, краток здив, оток се знак за аларм!

Породувањето е голема и нималку едноставна работа во животот. Покрај тоа што ќе ве обземат убави чувства, тоа може да биде многу тешко и исцрпувачко. Во споредба со вагинално породување, опоравувањето по царски рез обично трае малку подолго.

По породувањето мора да внимавате на закрепнувањето, не треба да кревате ништо тешко, треба доволно да се одморите, да се грижите за лузната, но и за менталното здравје.

Се вчитува...

За време на првата посета по царскиот рез, лекарот ќе ја прегледа вашата лузна и ќе провери дали сè оди според планот. Меѓутоа, доколку забележите некој од проблемите пред закажаниот преглед, треба порано да одите на лекар:

  • Ако боли премногу
  • Ако се појави инфекција на лузната
  • Ако исцедок почне да излегува од лузната
  • Доколку дојде до прекумерно крварење
  • Ако имате болка во градите
  • Ако здивот ви е краток
  • Ако имате температура
  • Ако имате болка и оток во нозете

Овие ситуации можат да го загрозат вашето здравје, поради што е многу важно навреме да се консултирате со лекар, да проверите за што се работи и да предложите третман доколку е потребно.

Покрај физичките промени, треба да се консултирате и со лекар доколку имате ментален или емоционален проблем. Многу мајки се соочуваат со таканаречениот бебешки блуз (постпородилна тага) и постпородилна депресија. Не треба да молчите, туку да побарате помош доколку ви е потребна.