Македонија

Советот на Општина Битола бара од Владата одлука за субвенционирана струја

На предлог на независната советничка група „Поинаку“ на денешната редовна седница на Советот на Општина Битола беше донесена едногласна одлука со која Советот бара од Владата на Република Македонија да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.

Од независната советничка група „Поинаку“ велат дека ова е прв пат едногласно да се изгласа нешто во интерес на битолчани. Тие повикаа и на протест во текот на утрешниот ден пред општина Битола, каде како што велат ќе биде искажан револтот и ќе биде упатен повик до Владата на РМ за итно решавање на проблемот.

„Ова го бараме зашто во наша близина е еден од најголемите загадувачи РЕК Битола кој обезбедува 75 проценти од струјата во Македонија. Бројот на заболени од малигни неоплазми или лошото како што се нарекува е во постојан пораст во Битола. До моментот на гасификација, ако ја дочекаме живи, Битола мора да биде заштитена од загадувањето зашто врз него влијае и начинот на загревање на домовите и јавните институции”, рече Иван Чулакоски, советник од „Поинаку“.

Битола е еден од најзагадените градови во Македонија, а изминативе денови мерните станици бележеа дури 12 пати повеќе ПМ10 честички во воздухот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни