Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Македонија

39 лица ја загубија битката со коронавирусот во Македонија во последните 24 часа

39 лица починаа од коронавирус во Македонија во последните 24 часа. Тоа е втор црн рекорд, откако пред неколку дена беа регистрирани 40 починати лица.

Најмладиот починат е на 44 години, односно има двајца. Еден од Битола, и еден од Крушево.

Еден пациент е починат надвор, а другите во болнички услови, соопшти министерството за здравство.

„Починати се 39 лица, десет пациенти од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76г), еден од Куманово (76г), еден од Штип (51г), тројца пациенти од Прилеп (71, 57 и 56г), еден од Тетово (65г), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85г), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69г), двајца од Охрид (54 и 63г), шест пациенти од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71г), еден од Крушево (44г), еден од Кочани (67г), еден од Кичево (67г) и еден пациент од Неготино (67г). Oд нив еден е починат вон, останатите се починати во болнички услови.“, соопштија од министерството за здравство.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со претседателот на СДСМ Венко Филипче

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни