Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Македонија

Филипче: Скратете од автомобили, мебел и патувања – има пари за минимална плата од 600 евра

Филипче: Скратете од автомобили, мебел и патувања – има пари за минимална плата од 600 евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека со кратење на буџетските трошоци за автомобили, мебел и патувања може да се обезбедат средства за минимална плата од 600 евра, но и за субвенционирање на придонесите за компаниите.

Според него, СДСМ веќе предложил конкретни буџетски ставки од кои може да се пренасочат пари, со цел зголемувањето на минималната плата да не стане дополнителен товар за работодавачите.

„Нека се скрати од луксузот. Има пари за субвенција на придонесите кај компаниите, да не им биде товар на компаниите“, рече Филипче.

Тој нагласи дека предлогот предвидува државата да го преземе товарот од зголемените придонеси, што, според него, би им помогнало и на малите и средните претпријатија.

Филипче оцени дека растот на трошоците за живот ја прави неопходна повисоката минимална плата. Посочи на поскапувањето на основните прехранбени производи и на јазот меѓу примањата и потребите на домаќинствата.

Според бројките што ги наведе во емисијата, основната потрошувачка кошничка е околу 70.000 денари, а со трошоците за домување достигнува околу 90.000 денари. Тој тврдеше дека само за храна и пијалаци месечно се потребни од 25.000 до 26.000 денари.

„Една минимална плата оди само за храна и пијалаци“, рече Филипче.

На прашањето како би се финансирала мерката во услови на буџетски дефицит, тој повтори дека решението го гледа во пренасочување на, како што ги нарече, непотребните трошоци за луксуз.

„Јасно ги објавивме ставките, се знае од која ставка во буџетот“, изјави лидерот на СДСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со претседателот на СДСМ Венко Филипче

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни