Во Штип денеска почнува гласањето на предвремените избори за градоначалник откако претходниот беше избран на функција во извршната власт.
Новиот градоначалник ќе има мандат од околу девет месеца, односно до следните редовни локални избори во 2021 година. Штипјани своето право на глас можат да го дадат за еден од петтемина кандидати за градоначалник.
Нов градоначалник на предвремени избори, на кои се гласа од денеска до недела, треба да добие и Општина Пласница, каде што има двајца кандидати. Поради ситуацијата со ковид-19, гласањето трае три дена. В недела, пак, ќе биде главниот изборен ден.
Според Државната изборна комисија (ДИК), во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип запишани се 39 605 гласачи. Доколку има втор круг, ќе се гласа на 27 декември.