Македонија

83 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа

Министерството за здравство соопшти дека за изминатите 24 часа се направени 700 тестови од кои позитивни биле 83 лица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти, а за жал починати се 11 лица.Направените 700 теста се преку: ИЈЗ-115, ЦЈЗ Скопје-37,  Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -62,  Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -298, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-4, ГАК-27, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -51, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 394.329 тестирања на Ковид -19.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни