Нуркачкиот центар АМФОРА на својот Фејсбук профил објави фотографии од нивното нуркање во водите на Охридското езеро и тоа со новогодишни капи.
Имено, тие заедно со Клубот за подводни дејности ОХРИД веќе 18 години традиционално на уникатен начин ја наговестуваат новата година и божиќните празници со китење на елка под вода.
„Во услови на пандемија, оваа година одлучивме да не се зголемува бројот на нуркачи на едно место, формиравме групи од 3-4 членови и нуркавме на 3 различни локации на Охридското Езеро и тоа Заливот на Коските, Трпејца и Св.Наум кај изворите. Им ја честитаме Нова Година 2021 на сите граѓани на Република Македонија, а како и секоја година па така и оваа, овој ден го посветуваме на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите“, пишуваат од таму.