Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22, Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.
Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 167 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79г,72г,67г,57г), 3 пациенти од Прилеп (79г,71,70), 2 пациенти од Гевгелија (85г,71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.
Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на Ковид-19.