Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието го поднесе законот за престанување на важењето на Законот за попис, со што бараат да се прекине статистичката операција.
Предлогот е на пратениците, но тој како што велат е поткрепен со над 100.000 граѓански потписи.
Пописот почна дена со самопопишување на дијаспората. За резидентното население во земјава попишувањето од врата на врата е од први до 21-ви април.