Македонија

За бегството на Мијалков никој нема да одговара – не избегал од Скопје, но каде се криел?!

Никој нема да одговара за бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Обвинителството, или Јавниот обвинител кој постапувал во предистражната постапка отворена за неговото бегство, утврдил дека нема не постои кривично дело што се гони по служеба положба.

Иако биле разгледани снимки од безбедносни камери, потоа се вештачеле 54 телефонски разговори, биле сослушани неколку лица, меѓу кои министрите за правда, за внатрешни, премиерот, и други лица, сепак не е утврдена кривична одговорност, односно не е утврдено дека некој му дојавил дека полициски службеници ќе му достават покана за во притвор.

Единственото нешто што останува како големо прашање е каде бил Мијалков кога полициските службеници пристигнале, а не го пронашле во неговиот дом. Според информациите кои ги сподели обвинителството, предистражната постапка покажала дека тој не ја напуштил државата, ниту Скопје.

Сепак, во својот дом на Водно не бил, па се претпоставува дека се сокрил во некој од поблиските објекти.  Кога полицијата дошла пред домот на обвинетиот , до моментот кога службените лица го пребарале домот, поминале најмалку 45 минути, во кое време имал доволно голема временска рамка да се оддалечи од својот дом, а местоположбата на неговиот дом овозможувала тоа да биде направено незабележано преку задниот излез, движејќи се пеш во реон кој не е обезбеден со безбедносни камери и лоцирајќи се во некој од околните објекти, се вели во извештајот на обвинителството.

Истрагата на обвинителството покала дека имало слабости во комуникацијата меѓу институциите, но не и елементи на кривично дело, односно дека некој му јавил на Мијалков дека ќе го посетат полициски службеници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни