Македонија

Новинарите дискриминирани, без две дози вакцина нема влез во сала за седници

Речиси сите новинари кои денеска беа во Собранието за да ја следат неговата работа, не успеаа во тоа, бидејќи беа вратени затоа што немале примено две дози на вакицина.

Вака им беше соопштено на новинарите, а само неколку колеги успеаа да влезат во галеријата во салата „Македонија“.

По реакција на дел од новинарите, од Собранието рекоа дека за ова веќе информирале во саботата, но голем дел од редакциите не добиле таков маил.

Пратениците велат дека ова е недозволиво, додајваќи дека медиумите треба слободно да си ја вршат својата работа, секако со почитување на мерките против коронавирусот.

Кој издал ваква наредба во Собранието, засега е непознато, но истата не смее да важи бидејќи вакцинацијата не е задолжителна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни