Најбогатиот човек на светот денес лета кон Вселената

Најбогатиот човек на светот денеска рано наутро му се приклучи на „клубот на астронаути“, со првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“.

Ова се случува само две недели подоцна од еден друг милијардер – основачот на „Вирџин Галактик“, Ричард Бренсон кој го имаше своето „огнено крштевање“ во вселената.

Целите на „Блу ориџин“ се многу поамбициозни – во однос на височината до која ќе се издигне леталото „Њу Шепард“ на Безос, но и во однос на иднината.

Имено, Безос ја основа вселенската агенција во 2000 година, со цел еден ден да се изградат вселенски колонии со вештачка гравитација во кои ќе работат и живеат милиони луѓе. Денеска, компанијата работи и на орбиталната ракета „Њу Глен“ чија цел е слетување на Месечината.

„Тие имаа 15 успешни летови без екипаж со „Њу Шепард“ и со години чекавме да видиме кога луѓето ќе почнат да одат во Вселената… Ова се „возбудливи времиња“ за ентузијастите!“, изјави Лора Форчик, основачка на вселенската консултантска куќа „Астралитикал“.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.