Автомобили

Претставен новиот модификуван „Мерцедес ГЛЕ“

Германската компанија „Брабус“ го претстави новиот модификуван „Мерцедес ГЛЕ“.

Се работи за производ заснован на најмоќната верзија на теренскиот „ГЛЕ“ на „Мерцедес“, поддржана од одделот „АМГ“.

За основа на проектот „Брабус 800“ искористен е „Мерцедес-АМГ ГЛЕ 63 С 4-Матис“ купе чиј 4-литарски В-8 мотор развива 612 коњски сили.

Возилото има 800 коњски сили, наместо стандардните 612 и, 850 њутн-метри вртежен момент и 1.000 њутн-метри што се дистрибуираат на двете оски со рекалибриран 9-степенски автоматски менувач.

„ГЛЕ“ од 0 до 100 км/ч достигнува за 3,4 секунди (0,4 секунди побрзо од стандардната верзија) и развива електронски ограничена бризина од 280 км/ч.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни