Еден Англичанец успеа, од еден стар двокатен „Вајлд атлантик“ автобус што се користел во Лондон 1990-тите, да направи луксузно привремено живеалиште.
Ричард Бартон го купил автобусот пред три години, за 2.000 фунти. Првично, сакал да го користи како превозно средство за потребите на неговото семејство и за работа.

„Претходно имам поправено пет Фолксваген камп-возила и мислев дека можам да направам нешто слично со автобусов. Но, напредував бавно, иако мојата сопруга и ќерките ми помагаа со идеи. На крајот, ова стана недвижно место за престој“, раскажува 61-годишниот мајстор.
Бартон отстранил 74 седишта од автобусот, тркалата, ја проверил неговата издржливост и состојбата на материјалот, ги тргнал гнилите делови и пренамената почнала… Англичанецот вложил 31.000 фунти и сопствена работна рака, па автобусот добил дрвен под, три спални соби, кујна, дневна соба, шпорет на дрва, тоалет, внатрешен туш, туш на отворено, камин, градина и друго.
Автобусот е „паркиран“, односно неподвижен и е достапен за изнајмување.

Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Соседите спасија четири деца од запалена куќа: Пожарникарите им честитаа!
- 4.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
- 5.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година