Македонија

Инспекторатот потврди дека нема опасност по здравјето од пожарот во ОХИС

Инспекторатот за животна средина по направената контрола известил  дека не постои опасност за здравјето на луѓето од пожарот во кругот на фабриката ОХИС, бидејќи опасни хемикалии таму одамна нема, а линданот кој треба да се отстрани е незапаллив, објави Центарот за управување со кризи на својата фејсбук-страница. 

„Во 18:00 часот пожарот е локализиран, зафатена била претежно сува трева и дел од поранешната зграда на фабриката Билјана“, додаваат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни