Македонија

Повторно раст на позитивни во Македонија – бројот на активни случаи се искачи над 1000

Повторно имаме раст на заразени со ковид-19 во Македонија, а бројот на активни случаи во моментов изнесува над 1000.

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за здравство информираше дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје биле направени 5.959 тестирања, а регистрирани се вкупно 325 нови случаи на КОВИД-19.

Нови случаи најмногу има во Скопје – 101, потоа следува Тетово со 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево по 3, Кавадарци и Штип по 2, и Битола, Велес, Берово и Виница по 1 нов случај.

Регистрирани беа и 11 оздравени пациенти, а пријавено е едно починато лице од Битола.

Во моментов вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 157.251, бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни