Свет

Јунајтед Ерлајнс со услов до вработените – треба да бидат вакцинирани против ковид-19

Авиокомпанијата од САД, „Јунајтед Ерлајнс“ објави дека ќе бара од вработените да се вакцинираат против коронавирусот.

Со ова, таа станува првата компанија во американскиот воздушен сообраќај која побарала од своите вработени да бидат имунизирани како услов за работа.

Правилото ќе важи за 67.000 работници кои работат во САД, пишува „Вашингтон пост”.

„Знаеме дека некои од вас нема да се согласат со оваа одлука да се бара вакцинација од сите вработени во Јунајтед Ерлајнс“, изјавија извршниот директор Скот Кирби и претседателот на авиокомпанијата, Брет Харт, во писмо до вработените.

Од таму додаваат дека немаат поголема одговорност кон вработените отколку да им гарантираат безбедност кога се на работа, а „фактите се кристално јасни – сите се побезбедни кога сите се вакцинирани”.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни