Свет

Амазон го одложи враќањето на вработените во канцеларии – еве до кога ќе работат од дома

Поради зголемувањето на бројот на заразени лица со Делта сојот на ковид-19, компанијата Амазон одлучи да го одложи враќањето на вработените во канцелариите.

Оваа одлука ќе биде до почетокот на следната година.

Инаку, првично беше планирано вработените за е-трговија во неколку земји, вклучувајќи ги и САД, да започнат да се враќаат во канцелариите од 7 септември оваа година, но тој датум сега е преместен на 3 јануари 2022 година, изјавија од Амазон за Си-Ен-Ен.

Кога ќе се вратат на работа, вработените ќе мора да носат маски во канцеларија, освен ако не покажат потврда дека се вакцинирани. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни