На редовниот брифинг на Светската здравствена организација, портпаролот Тарик Јашаревиќ истакна дека патувањето во странство не треба да подложи на задолжителни барања за вакцинација против ковид-19.
„СЗО јасно стави до знаење од самиот почеток дека не веруваме дека вакцината треба да биде услов за меѓународни патувања“, рече Јашаревиќ.
Причината за ваквата позиција, како што вели Јашаревиќ, е фактот што досега во светот немаше еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 и не треба да се додава уште една дискриминаторска мерка за луѓето кои немаат таков пристап.
СЗО, истовремено, го поддржува воведувањето „сертификати за дигитална вакцинација и работи на технолошките решенија за интероперабилноста на сертификатите што денеска се користат”.