Бројот на заболени од Ковид-19 во државава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 6.383 тестирања регистрирани се 398 нови случаи со Ковид-19, 18 оздравени пациенти и четири починати пациенти, од кои едно лице на 29 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 158.025, бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.