2020 година или годината на пандемијата во Хрватска ќе биде запаметена по драматичен пад на БДП, но и по рекордното заштедување на граѓаните, пренесува Хина.
Имено, според податоците на Националната банка на Хрватска, стапката на штедење во домаќинствата изнесувала 14,4 проценти, што значи дека граѓаните ја оставале на страна секоја седма куна заработена минатата година.
Колку е невообичаено висока оваа стапка на заштеда, покажува фактот дека го надминува повеќегодишниот просек за речиси 4 процентни поени.
Причината за овие заштеди е во пандемијата на коронавирусот, односно воведените епидемиолошки мерки го оневозможиле трошењето на некои стоки и услуги, а потрошувачката дополнително се намалила поради претпазливоста на самите граѓани, кои исто така ја намалиле и мобилноста, според анализата на ХНБ за заштедите на домаќинствата за време на пандемијата, пренесува порталот.