Балкан

Од прослава во болница: Сватот пукал со пиштол на свадба, па го погодил колегата

Несекојдневна несреќа се случила вчера во Бугојно, пред зградата на општината.

Како што пренесуваат медиумите од БиХ, 39-годишно лице пукало со огнено оружје пред зградата на општината и успеал да го погоди својот колега во половиот орган.

Х. Е. (50) се здобил со тешка повреда на гениталиите, за што бил опериран во болницата „Травник“ и е надвор од животна опасност.

Добро информиран извор, кој бил на венчавката, рекол дека станува збор за непрофесионално ракување со оружјето.

Наместо да се радува на венчавката, тој заврши кај дежурниот судија и се товари за предизвикување општа опасност и нанесување тешки телесни повреди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни