Римскиот Колосеум го отвори својот лавиринт од подземни комори и тунели за ноќни посети.
Посетителите ќе можат да уживаат во подземните простории на Колосеум секој петок и сабота од 20 часот, како дел од годишната иницијатива Luna sul Colosseo, а ќе трае до 30 октомври.
Оваа година, постои нов план за пат преку специјално осветлено подземје што ги води посетителите во срцето на областа каде што беа сместени гладијатори и диви животни пред борбата.
Водичите водат повеќечасовна турнеја на италијански и англиски јазик, а самата турнеја е наменета за групи до 20 луѓе. Цените на билетите се 25 евра, или 22 евра за групи, и потребнa е да резервација за влез.
По две и пол години работа на реконструкција на подземни премини, туристите ќе можат да се спуштат и да лутаат низ дел од поранешниот простор „зад сцената“ на античката арена.
Читај и ова:
- 1.Голем дефект предизвика поплава во Влае – можно е делови од Карпош и Скопје да останат без вода
- 2.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 3.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 4.Соседите спасија четири деца од запалена куќа: Пожарникарите им честитаа!
- 5.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!