Заради изведување на водоводен приклучок Ф 80 мм на ул. „Букурешка“ 129 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Париска“.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација прекинот во снабдувањето со вода корисниците ќе имаат од 9 часот до завршување на активностите.