Свет

Пукање на универзитет во Русија, има убиени и ранети (ВИДЕО)

Некои од учениците скокнаа од прозорците за да избегаат

Непознато лице отвори оган врз една од зградите на Државниот универзитет во градот Перм во Сибир. Според првичните информации, има 6 ранети и осум загинати, изјавија извори од органите на прогонот.

„Во понеделникот непознато лице влезе во зградата на универзитетот и почна да пука. Некои од студентите се сокриле во аудиториумите на универзитетот. Неколку луѓе скокнаа низ прозорците. Во тек се истраги на местото на настанот “, изјави неименуван извор. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни