Свет

Макрон: Нова руска мобилизација од 300.000 војници е сценарио што изгледа веродостојно

Макрон: Нова руска мобилизација од 300.000 војници е сценарио што изгледа веродостојно

Нова руска мобилизација на 300.000 војници за војната против Украина „е сценарио што нам ни изгледа веројатно“, изјави вечерва францускиот претседател Емануел Макрон, додавајќи дека таков потег би можел да биде насочен и кон напад врз Европа.

„Јасно е дека постојат неколку показатели кои сугерираат оти Русија се подготвува за таков чекор“, рече Макрон во интервју за француските телевизиски канали ТФ1 (TF1) и Франс 2 (France 2).

Според него, Москва во моментов сигнализира дека е „подготвена за уште поголеми жртви за да го заземе целиот Донбас“ во источна Украина.

Макрон процени дека на Русија ќе ѝ биде потребно да продолжи да напредува со сегашното темпо „една и пол до две години“ за да ги освои деловите од регионот што сè уште не ги контролира, иако „по цена на огромни загуби и страдања во Украина“.

Во светло на оваа ситуација, Макрон ја бранеше поддршката на Франција за Киев.

„Која е нашата одговорност? Да ѝ помогнеме на Украина да пружи отпор. Тоа е она што го правиме уште од самиот почеток“, додаде францускиот претседател, кој ја напушта функцијата напролет по два последователни петгодишни мандати.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни