Македонија

Еве какво време не очекува во наредните денови

Денеска променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Под влијание на влажна воздушна маса од четврток следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет.

На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер.

Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни