Македонија

Со 40.420 гласови ВМРО-ДПМНЕ е пред СДСМ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со 40.420 гласови е пред владеачката СДСМ кога станва збор изборот за градоначалници низ цела држава.

Ова се податоци добиени од Државната изборна комисија, при обработени 99% од избирачките места.

Околу 50 илјади гласови збирна предност на советничките листи во сите општини во земјава оствари ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните избори.А 10.505 гласа е најголемата разлика во гласовите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кавадарци.

Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 21 градоначалник, СДСМ девет, ДУИ три и еден Демократска партија на Труците во Македонија. Втор круг ќе има во 46 општини и во Градот Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни