Македонија

ВИДЕО: Полиција го запре Максим Димитриевски, градоначалникот се жали на притисоци

Полиција утрово го запре актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Тој со вклучување во живо на „Фејсбук“ кажа дека полициско возило го следело неколку улици, по што на улицата Лесковачка го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.

„Објавувам вака јавно да видат сите како работи полицијата на мојот другар Оливер Спасовски. Нè држат без објаснување, не ни кажуваат зошто нè сопреле. Тргнав кај мојот матичен лекар. На улицата заглавен стои и автобус, сообраќајот е стопиран. Сакам да порачам дека вакви притисоци нема да успеат“, вели Димитриевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни