Македонија

Лукаревска: Со Алтернатива имаме исти заложби- европска интеграција и иднина

„Во период што следува ќе видиме како ќе се развиваат работите во Собранието. СДСМ не прави отстапки во преговорите за проширување на мнозинството. Заложбите со Алтернатива ни се заеднички, а тоа се евроинтегративниот процес и прогресивните политики во државата“ кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Таа додаде дека тоа и досега било заложба на Владата на СДСМ и тоа ќе остане и понатаму. Лукаревска најави дека во период што следува времето ќе ги расчисти сите нејаснотии.

„Битно е да го задржиме она што значи државничко владеење, како што доликува на земја кандидат за ЕУ и интегрирана во НАТО. Најважно е земјата да продолжи да функционира и покрај светските проблеми кои ни престојат, кои верувам дека ќе ги изменаџираме успешно како до сега“ кажа Лукаревска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни