Сите Ние имаме обврска да покажиме дека БИТОЛЧАНИ се борци, БИТОЛЧАНИ се еснафи, БИТОЛЧАНИ се хумани, БИТОЛЧАНИ помагаат во најтешкото.
Затоа Ве повикуваме сите заедно тоа да го докажиме,затоа што на нашите сограѓани му е потребно тоа!
Службата за трансфузиона медицина од Битола има ИТНА потреба од конвалесцентна плазма за тешко болни хоспитализирани пациенти.
Голем број наши битолчани имаат потреба од истата.
Заради тоа: Секој кој прележал Ковид 19, кој е здрав и без никаква хронична терапија или е вакциниран пред најмалку 1 месец, можи да дарува крв секој работен ден од 08:00-13:00 часот во просториите на службата за трансфузиона медицина.
Битола има свои херои!
Независна советничка група – Поинаку