Македонија

Исчезна Никола Милев од Радовиш, блиските бараат помош да го пронајдат

На социјалните мрежи има апел за помош за пронаоѓање на Никола Милев од Радовиш, момче на возраст од 27 години, кој од вчера е пријавен за исчезнат.

„Исчезнат е нашиот другар Никола, во 00:00 излезен од дома од станот во Струмица, од тогаш му нема ни трага ни глас, телефонот од тогаш му е исклучен“, пишува на Фејсбук.

Вчера во 20.45 часот во СВР Струмица, неговата сестра пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат, кој времено престојувал кај неа. Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни