Свет

ВИДЕО: Над 20 лица загинаа откако џип удри на божиќна парада во САД

Неколку луѓе загинаа, а најмалку 20 се повредени откако возач на автомобил влетал на празнична парада во Вакаша, Висконсин.

Единаесет возрасни и 12 деца се пренесени во болници. Бројот на загинатите се уште не е соопштен, бидејќи прво ќе бидат известени роднините.

Во случајот има притворено лице. Според локалните медиуми, автомобилот удрил во бариерите околу божиќната парада, а потоа и во самиот настан, поминувајќи со голема брзина и удрил во многу луѓе на патот.

Полицијата отворила оган врз автомобилот. Во престрелката нема повредени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни