Македонија

Заев му ја честиташе победата на Радев

Премиерот Зоран Заев телефонски му ја честитал победата на старо-новиот бугарски претседател Румен Радев.

„Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ.Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина“, напиша Заев на Фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни