Македонија

СЕ ГЛЕДАМЕ НА СУД Арсовски нема да му се извини на Заев

Немам намера да се извинам, единствен кој треба да се извини на граѓаните и Република Македонија во чие име говорам е Зоран Заев и неговата клика околу него, напиша на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Денеска, лично од Зоран Заев, ми пристигна барање за извинување за моја прес-конференција во која кажувам дека има склоност кон криминал, дека ја ограби државата и дека функционира како шеф на нарко-картел кој шверцува дрога со државни ресурси, информираше портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ми пристигна барање за извинување за моја прес-конференција лично од Зоран Заев, не од неговата партија или од Влада, туку лично од него преку негов полномошник-адвокат. Очигледно Заев е малку нервозен поради тоа што многу набрзо нема да има ниту една привилегија од тие што ги имаше изминативе години. Имено, во прес-конференцијата наведов дека има склоност кон криминал, претрпе еден од најголемите порази од ВМРО-ДПМНЕ и од Мицкоски со над 100.000 разлика, дека ја ограби државава, дека никој не одговараше за 14 изгорени луѓе во тетовската болница и дека функционира како шеф на нарко картел кој шверцува дрога со државни ресурси. И да, стојам позади ова што го кажав и ниту една тужба нема да ги смени овие особини на Зоран Заев. Немам намера да се извинам, единствен кој треба да се извини на граѓаните и Република Македонија во чие име говорам е Зоран Заев и неговата клика околу него. Се гледаме на суд, се надевам ќе има храброст барем малку, да дојде лично, бидејќи лично ќе ме тужи, да се соочиме пред Судот и граѓаните и да му ги покажам сите криминални активности што му се припишуваат нему како премиер на оваа влада“, напиша Арсовски на Фејсбук.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни