Македонија

Димитар Ковачевски денеска официјално ја поднесува кандидатурата за лидер на СДСМ

Актуелниот заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски денеска официјално ќе ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.

„Денес официјално ја поднесувам кандидатурата за претседател на СДСМ во седиштето на партијата, по што во 12:30 часот ќе дадам изјава пред главниот влез“, се вели во соопштението на Ковачевски.

Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни