Македонија

Доктор Лазаров со иницијатива: 30 денари за вакциниран пациент за матичните лекари, да се наменат за лекување на болни

Матичниот лекар Ненад Лазаров вели дека не им требаат 30 денари стимулација за вакцинирање на пациенти туку вреднување на трудот.

„Се откажуваме од 30 денари по вакциниран пациент и бараме да бидат донирани за лекување на наши сограѓани. Приклучи се,“ повика Лазаров.

На последната владина седница, Владата донесе одлука да ги награди матичните лекари по 30 денари од пациент за опфат на вакцинација на 70 проценти од нивните пациенти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни