Балкан

Експлозија на бомба во дворот на грчката телевизија „Скај“

Ноќеска околу 2:30 часот по локално време, силна експлозија одекна во дворот на грчката телевизија „Скај“. За среќа нема повредени, а предизвикана е само материјална штета.

На експлозијата веројатно и претходеле два анонимни повици во порталот „Зугла“ и во грчката телевизија „Антена“. При повиците непознато лице предупредуло дека е поставена експлзивна направа во телевизијата „Скај“.

Полицијата веднаш превзеде мерки за наоѓање на сторителите на ова дело, а утринската емисија утринава се водеше од дворот, место од студио.

Осуда за нападот пристигна од целиот грчки врв.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни