Македонија

Со возило удрил во малолетен пешак во Кочани и избегал

На 02.12.2021 во 17.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ непознато патничко возило удрило во малолетен пешак од Кочани и го напушило местото на несреќата.

Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кочани и се работи на расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни