Македонија

13 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладите 35 и 39 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19.

Регистрирани сe 393 оздравени пациенти, а регистрирани се и 13 починати лица.

  • 6 починати лица од Скопје (39г, 71г, 74г, 77г, 80г и 81г)
  • 2 починати лица од Куманово (75г и 80г)
  • Едно починато лице од Берово (77г)
  • Едно починато лице од Битола (69г)
  • Едно починато лице од Велес (71г)
  • Едно починато лице од Македонска Каменица (35г)
  • Едно починато лице од Ресен (76г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни