Свет

Се урна воен хеликоптер во Индија – во него бил и началникот на генералштабот

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад.

Во хеликоптерот бил и началникот на Генералштабот на Индија, генерал Бипин Рават, објавија индиските воздухопловни сили на Твитер.

„Хеликоптер на ИАФ Ми-17В5 со генерал Бипин Рават се урна денеска во Тамил Наду“, се вели во објавата,

Во хеликоптерот имало членови на неговото семејство и неговите помошници. Според НДТВ, четири лица загинале, а во хеликоптерот имало околу 14 лица.

Според Индија тудеј, на местото на хеликоптерската несреќа биле пронајдени три лица, кои биле тешко повредени и пренесени во болница. Потрагата по другите лица продолжува.

Хеликоптерот полетал од базата на индиските воздухопловни сили во Сера и патувал кон градот Велингтон.

Во декември 2019 година, во Индија беше воспоставена функцијата началник на штабот на одбраната. Министерството за одбрана ги координира активностите на сите делови на индиската армија – копнени сили, воздухопловни сили и морнарица. Меѓу другото, Генералштабот на одбраната го координира со националната влада купувањето на одбранбена технологија и оружје.

Генералот Рават е првиот човек назначен на оваа функција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни