Сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб, а во западните делови слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -9 до -2, а максималните од 3 до 10 степени.
Во Скопје малку до умерено облачно и студено со слаб до умерен претежно западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Утре и за време на викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во западните делови. Од недела утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.